Осумдесет и двегодишниот А.Г. од пехчевското село Умлена го загуби животот во големиот пожар што ја зафатил неговата куќа каде што живеел сам.
Според информацијата од СВР Штип пожарот бил пријавен во 21 часот и 20 минути, а локализиран 30 минути по полноќ.
Со пожарот прво бил зафатен горниот кат од куќата, по што се проширил и ја зафатил целата куќа. Телото на сопственикот на куќата, 82-годишниот А.Г. е извадено јагленисано, а по наредба на Јавен обвинител од Берово врз телото ќе се врши обдукција.
Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.