Стари верувања: Што треба, а што не треба да се прави на Божиќ


Ако на Божик врне, се верува дека ќе вроди со плод се што ќе биде копано со мотика.

Во некои краеви веруваат дека ќе има многу мед во текот на годината ако бадникот фрла искри сам од себе.

Кој во текот на годината се скарал со некого, на Бадник треба да се смири.bozikj

За Божик е убаво да се подновиме.

Во јужна Србија постоело верување дека девојките и момчињата кои ќе ја преспијат Бадната ноќ на слама, ќе го сонуваат идниот сопружник.

Во некои краеви се верува дека божикната свеќа не треба да се гаси со дување, туку со леб натопен во вино, најчесто парче од погача.

На Бадниот ден сите позајмени работи и долгови треба да се вратат, а за вечера да се подготват непарен број на јадења.

На Божик треба да се прават работи кои инаку не ни одат од рака, да можеме полесно да ги совладуваме во текот на годината која стигнува.

Од Божик до Свети Стефан не треба да се чисти куќата, а во Војводина се верува дека за време на божикните празници не треба да се тропа на вратите, кокошките да не ги скршат јајцата.На Божик исто така се дарува гостинот положајник, а во многу краеви се даруваат чорапи.

На Божик не треба да се позајмува ништо на никого, така цела година работите нема да се изнесуваат од дома.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1