-Стариот Мерцедес беше многу амортизирано возило. Нон-стоп имаше проблеми со моторот и знаеше да откаже на поголеми патувања. Еднаш моторот изгаси на патот накај резиденцијата на Водно, се закочи воланот и кочниците, па излетавме од патот. Доколу тоа ни се случеше на отворен пат, последиците би биле големи, изјави сведокот кој бил во тимот на обезбедување на Груевски и на техничкиот премиер Емил Димитриев, а во дел од службата работел и како личен шофер.
На денешното рочиште сведочеa и други лица. Исказите на сите се во насока дека старите блиндирани возила не биле во добра состојба.
,,Често имаа дефекти и по месец-два бис на сервис, баравме да се набават нови возила бидејќи постоечките не ги задоволуваа потребите, рече сведокот.
За новиот мерцедес сите кажаа дека го користеле и странски делегации.