Според утврдени наоди во истрагата, Натали Вуд, стара Австралијка, седум години лежела мртва во својот дом во Сиднеј. Полицијата нејзиното тело го пронашла во јули 2011 година, а се верува дека починала во 2004.
Се претпоставува дека Натали Вуд починала по пад, но поради тоа што поминало многу време откако ја пронашле, форензичарите не можат да ја утврдат точната причина за смртта. Медиумите ја нарекле „жената која Сиднеј ја заборавил“. Родена е 1924 година.
Во куќата се пронајдени драгоцености како прстени, додека работите како ТВ, фрижидер, душек ги немало.
Имало многу пајакови мрежи, додека стеблото кое расте покрај куќата се проширило и на спратот.