Секоја чест: Македонци ги правеле анимациите за Робокап


Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х  беше дел од тимот за изработката на ефектите на најпознатиот полицаец на светот РобоКап, резултат на соработката со „Метод Студиос“ која започна во 2013. На филмот работеа 22 артисти на 112 кадри со должина од 18 минути.

robocop-2-behind-scenes-joel-kinnaman-01Оваа научно-фантастична акција на Хозе Падиља, се одигрува во 2028 година, во Детроит, каде што Џоел Кинеман, во улога на Марфи,  сакан сопруг, татко и добар полицаец е критично повреден за време на полициска задача. Мултинационалниот конгломерат ОмниКорп веднаш ја искористува шансата да креира полу-човек, полу-робот полицаец. Останатата актерска екипа ја сочинуваат Гери Олдман, Мајкл Китон и Семјуел Л. Џекосн.

Филмот премиерно ќе биде прикажан на 6. февруари во киното Синеплекс, една недела пред американската премиера на 12-ти. Само во првиот викенд на прикажување во Малезија, Тајван и Сингапур, филмот заработи 5,5 милиони американски долари, што покажува на нов Холивудски хит блокбастер во 2014.

Sitel

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1