Старо манастирско писмо со повик до христијаните откриено во Бигорски


Монасите на Бигорскиот манастир грижливо ги расчистуваат древните манастирски книги од неговата илјадагодишна историја и ги средуваат во новата библиотека. Во една од книгите пронајдоа старо манастирско писмо, потпишано на 2 јануари (стар стил) 1898 година, од тогашниот игумен, архимандрит Гаврил со браќата. Писмото на игуменот Гаврил претставува окружен повик за манастирската слава на Водокрст и Богојавление.

bigorski-500Веројатно, вакви писма биле пратени до сите села каде што постоело кумство на светиот крст, но е сочувано само писмото што било упатено до христијаните на долнореканските села Велебрдо и Ростуше. За него, игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, вели дека ни открива големи работи. Пред се’, сведочи за некогашниот многу богат христијански духовен живот во овие краишта на Мијачијата.

Исто така, ни укажува на древниот карактер на традиционалното бигорско бдение во ноќта спроти Водокрст. Според обичајот, во манастирот доаѓале мноштво христијани од сите рекански села и пошироко, заедно со кумовите на крстот и тоа претставува една своевидна потврда за големата почит и љубов што локалното население ги негувало кон ова свето место.

Старото писмо, поради оштетување, беше реставрирано во Одделот за реставрација и конзервација на стари книги и ракописи при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Монашкото братство на Бигорскиот манастир им се заблагодари на конзерваторите, раководени од конзерваторката Зорица Јаковлеска-Спировска, пишува Утрински весник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1