Од утре и официјално почнува грејната сезона во Скопје. Балкан енерџи груп е подготвен од утре да ги загрее домовите на скопјани, но поради високите температури, радијаторите ќе бидат топли само наутро и навечер.
„Новата грејна сезона секоја година почнува на 15 октомври и трае до 15 април, освен доколку температурите на воздухот не се повисоки од 12 Целзиусови степени во 21 часот, три дена по ред. Со топлите радијатори почнува и обврската за плаќање на сметките за парно за оние корисници кои не плаќаат преку целата година, како и за оние кои се исклучени од системот, но и натаму имаат обврска процентуално да намируваат дел од трошоците за греење во нивниот станбен објект“ – пишува Утрински.
Весникот додава дека со стартот на грејната сезона стартува и обврската за оние кои не се греат на парно а живеат во зграда да и плаќаат на Балкан Енерџи Груп