СТАРТУВА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИТЕ: Денес ќе дознаете како да стигнете до влезници за Супер Купот


Скопје за прв пат ова лето ќе биде домаќин на УЕФА Супер купот кој ќе се одржи на 8-ми август годинава.

Победниците од Лигата на шампионите Реал Мадрид, односно на Лига Европа Манчестер јунајтед ќе се борат за трофејот на арената Филип Втори.

Продажбата на билетите стартува денес, а интересот за билетите е голем, па по тој повод денеска во 18 часот ќе се одржи пресконференција на арената Филип Втори на која ќе биде соопштено како најлесно и најбргу заинтересираните ќе можат да стигнат до влезница.

Покрај преставниците од УЕФА на денешната пресконференција ќе бидат и Емилио Бутрагењо и Луј Саха како преставници од победничките клубови кои ќе се сретнат во Скопје.

Она што е познато за билетите е дека продажбата ќе оди преку УЕФА, дел од влезниците ќе бидат поделиени на двата тима, а дел од влезниците ќе задржи УЕФА за своите спонзори, додека остатокот е предвиден за локалното население.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1