Од денеска работодавачите можат да вработуваат лица преку проектот „Македонија вработува“, со кој се предвидува ослободување од плаќање на придонеси за вработување на невработени лица поделени во пет категории.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во вестите на Канал 5 истакна дека ова е еден од најзначајните проекти на Владата во следните 12 месеци за отворање на нови работни места, односно за решавање на проблемот на невработеноста.
-Проектот ги опфаќа сите невработени лица во Р.Македонија. Ние и досега имамвме една мерка која беше наменета главно за младите лица до 29-годишна возраст. Но сега наместо таа мерка дизајнираме 5 нови од коишто првата е наменета за младите лица до 35 годишна возраст, кои доколку бидат вработени нивните работодавачи ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси за три години со обврска уште една година да ги задржат овие лица, истакна Ставрески.
Проектот, нагласи тој, е надополнет со уште 4 категории на граѓани, кои пред се се однесуваат на повозрасните лица, односно стимулации за нивно вработување.
– Групата на граѓани коишто се меѓу 35 и 50 години доколку се вработат, работодавачот ќе биде ослободен 5 години од плаќање на придонеси. Значи одиме со уште поголеми стимулации за работодавачите, со цел повозрасните категории да бидат повеќе вработувани. Лицата меѓу 50 и 58 години исто така имаат пет годишно ослободување од плаќање на придонеси , како и четвртата категорија, а таа е за лицата коишто се над 58-годишна возраст. Значи за оние што се блиску до пензија развивме една мерка со којашто доколку бидат вработени се до нивното пензионирање работодавачот ќе биде ослободен од плаќањето на придонеси, посочи вицепремиерот.
Петтата категорија, нагласи Ставрески, се однесува за лица од социјално-ранливи категории – приметели на социјална помош, еднородителски семејства, самохрани мајки и самохрани родители, професионалните војници коишто останале без работа, како и семсјтав што имаат деца со инвалидитет или слично. За оваа категорија на граѓани се предвидува доколку бидат вработени, работодавачите да бидат ослободени пет години од плаќање на придонеси.
– За секоја категроија на невработени развивме мерка којашто ќе им помогне полесно да дојдат до работа, а на фирмите им овозможуваме да направат значителни заштеди бидејќи ќе можат со отприлика по 2.000 евра годишно за секое вработување да направат заштеди преку ослободувањето од плаќањето на придонеси или персонален данок, додаде Ставрески.
Тој истакна дека очекувањата на Владата од овој проект се дека околу 20.000 работни места би можеле да бидат креирани за 12 месеци.
– Претходно само со една мерка којашто беше до 29-годишна возраст и акдешто за една година беа ослободени работодавачите од плаќање придонеси се креираа 7.700 работни места. Сега како што кажав имаме многу повеќе повеќе стимулации за работодавачите и има голем интерес од нивна страна, фирмите секојдневно се јавуваат во измантиот период , а од денеска и официјално тие можат да почант да вработуваат вакви лица. Така да очекувам дека фирмите ќе ја искористат шансата да направат значителни заштеди и да си вработат луѓе што им се потребни, да се развиваат како фирми, а невработените да дојдат до работно место, што е основен услов за да се подобри животот и стандардот на луѓето во Македонија, потенцираше Ставрески.