Фотографиите кои се појави на социјалните мрежи го шокираше светот, затоа што во неа се прикажани деца, кои се борат внатре во џиновски ринг, додека нивниот надреден командант ги бодри и ги тера на тоа.
Тој ист командант ги тепа со стап додека тренираат и ги гази по стомак додека лежат на земја. На фотографиите може да се види како маскирани деца со глава разбиваат дрвени плочи, како и вежбање со акробатски боречки потези додека ползат низ металните цевки и околу нив џихадистите запалиле оган.
Фотографиите наводно се снимени во базата на ИСИС во Ирак, а за цел има да ги привлече на своја страна борците и да им се придружат во нивната група. ИСИС често се фали со своите млади регрути, на социјалните мрежи.
На овие деца им го перат мозокот и често ги користат за самоубивачки напади кои децата во таа состојба ги сметаат за голема чест.