Во случај да направите сообраќаен прекршок, овластеното лице – сообраќаен полицаец треба да направи записник, а на истиот се поптишува и сторителот.
Потоа, службеното лице на сторителот му врачува покана за плаќање на глоба во рок од 8 дена од врачувањето на поканата.
Ако сторителот доброволно не ја плати глобата, службеното лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постпака до надлежен суд. Доколку сторителот на делото го признае делото што му се става на товар или ако овластеното лице овластеното лице прекршокот го утврди лично со употреба на соодветни средства, службеното лице веднаш ќе издаде платен налог.
Со самиот потпис на прием на платниот налог сторителот се согласува да ја плати глобата во претходно предвиден рок. Доколку сторителот кој ќе ја плати глобата во тој рок, ќе плати само половина од изречената глоба и нема да плати трошоци за постапката.
Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во дадениот рок, службеното лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд.
ЗАСТАРУВАЊЕ
Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако поминат три години од денот кога е сторен прекршокот. Застарување на прекршочното гонење започнува од денот кога е сторен прекршокот. Ова се днесува за поведувањето на прекршочна постапка за изрекување прекршочна санкција.
Застареноста за изречената прекршочна санкција не може да се изврши ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршокот помине една година.
Застарувањето на извршување на прекршочната санкција започнува да тече од денот кога одлуката за прекршокот станала правосилна.
Застареност на прекршочната санкција настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на извршувањето (објективен рок).
Sitel.mk