Сте си го запишале ли имотот? 420.000 имоти во Македонија се водат како ничија земја


Во Македонија сѐ уште има околу 420.000 парцели (градежно и земјоделско земјиште, дворови, шуми, пасишта и друг вид недвижности) чија сопственост не е регулирана во Агенцијата за катастар на недвижности.

KATASTARДосега, од вкупниот број парцели, во 90 отсто сопствениците го пријавиле својот имот и добиле имотен лист за земјиштето, додека 10 отсто од граѓаните односно компаниите не го пријавиле својот имот и сега тој се води во посебен пописен лист со незапишани права.

Катастар: сопственичките права не се загубени

Во Агенцијата за катастар на недвижности велат дека воспоставувањето на катастарот на недвижности на целата територија на Република Македонија завршило на крајот на 2012 година, со што поседовните листови заминаа во историјата и на нивното место дојдоа имотните листови. Оттаму информираат дека во постапката за систематско воспоставување на катастарот на недвижности со покани, по пат на јавни огласи преку медиумите и известувања во месните заедници, биле повикувани сите правни и физички лица да дојдат во катастарот и да ја донесат целокупната документација со која располагаат за зградите и за земјиштето што го поседуваат за истото тоа бесплатно да се запише во катастарот на недвижностите. Во катастарот велат дека граѓаните и компаниите што не го искористиле ова право сѐ уште можат да побараат впишување сопственост.

Гоце Штериовски, адвокат од Скопје, укажува дека во случаи каде што нема оставинска постапка и
доколку никој не се јавува да бара сопственост, вообичаено имотот завршува во рацете на државата.
– Доколку сопственикот на одреден имот починал и зад себе нема оставинска постапка, државата по институционален пат бара да се јават евентуални наследници. Ако по извесен период тие не се јават, тогаш извесно е дека имотот преминува во државна сопственост – вели Штериовски.

Повеќе на – Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1