Стефанова: Јанева се закануваше дека ќе ми пушти новинари дома, ми забрани да давам изјави


На денешното рочиште на случајот „Рекет“ сведочеше поранешата обвинителка од СЈО Лиле Стефанова, воедно и поранешна колешка на Катица Јанева која е осомничена.

Стефанова рекла дека Катица и се заканувала, пренесува „Слободен Печат“.

Катица Јанева ми се закануваше дека ќе ми прати новинари дома, ми забрануваше да коментирам објави на „Ла Верита“ и да давам изјави. Лично не го знам Бојан Јовановски. Знам од други дека често доаѓал во СЈО, дури не го ни претресувале, рекла таа.

– На никаква тема сум немала разговор со Бојан Јовановски, тврди обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за „Рекет“.

Обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска не се појави на денешното рочиште за случајот „Рекет“. Наместо неа сведокот Лиле Стефанова го испитува обвинителката Гордана Смаѓоска од нејзиното обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1