Стефанова удри по Катица: Го пушти Орце дома да снима видеа и да ја расипе истрагата


Уште во декември 2018. се спротивставив на Катица Јанева за тоа на притворените во „Империја“ и во други предмети мерката притвор да им биде заменета со куќен притвор. Ова го вели Лиле Стефанова денеска за СДК.МК.

– Конкретно за ’Империја‘ сметав, и таа тоа многу добро го знае, дека мерката куќен притвор не е соодветна во таа фаза на постапката, бидејќи осомничените не може да ги спречи да влијаат на истрагата. Тоа се покажа точно, гледајќи ги снимените видеа што ги правел Јордан Камчев во време кога бил во куќен притвор, вели таа за порталот.

Според неа, првпат проблем со враќање на пасошите настанал со Цветан Панделески во март 2019.

За потсетување, обивнителката е спомната во снимките на кои Боки13 зема рекет од Орце Камчев, но негираше дека барала ординации од Камчев како што вели тој на снимките.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1