Стевчо без коментар – Од партијата велат премногу направил за граѓаните на Карпош


Стевчо Јакимовски вчера во 9. часа поминати во Кривичен Суд, доби казна домашен притвор за легализирањето на парцелите на улицата Илинденска.

Канал 5 стапи во контакт со Јакимовски, но тој не сакаше да даде коментар. Но затоа, изјава за медиумите дадоа од неговата партија, од каде велат дека Јакимовски не е обвинет за криминал и корупција, туку затоа што премногу направил за граѓаните на Карпош.

– “Јавното обвинителсво денеска не даде воопшто никакви основи за основано сомнение, не даде никакво издржано образложение , не предложи апсолутно никакви докази кои можат да поткрепат едно основано сомнение за кривичните дела кои му ги ставаат на товар на господинот Стевчо Јакимовски “ изјави. Виктор Цветковски – Адвокат на Стевчо Јакимовски.

Инаку, Стевчо беше приведен вчера наутро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1