Стевчо Јакимовски, старо-нов градоначалник на општината Карпош


Честитајќи ја победата на својот официјален Фејсбук профил, Стевчо Јакимовски потврди дека тој е победникот во трката за градоначалничката фотелја во општина Карпош.

 

stevco-jakimovski-desrt-01Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од Српската напредна партија во Македонија, Стевчо Јакимовски, пред малку прогласи победа со разлика од 10.000 гласови во однос на неговиот противкандидат од СДСМ, Андреј Петров, во вториот круг од локалните избори.

stevco-jakimovski-desrt-05Стевчо Јакимовски е старо-новиот градоначалник на општина Карпош. Тој вечерва ја прогласи својата победа со изјавата: “Карпош и граѓаните покажаа дека знаат да се борат и да го бранат своето. Да почитуваат вредности. Карпош покажа дека е против поделби и политизации и очигледно е дека во Карпош победија и левите и десните, и СДСМ и ВМРО-ДПМНе и ДПА и ДУИ, сите кои помогнаа да победи граѓанскиот концепт во Карпош”.

“Во ниту еден момент не се сомневав во мојата победа, јас постојано знаев дека ќе победиме зашто граѓаните беа зад мене и ми ја дава поддршката сите овие 4 години. Ова е уште една потврда дека граѓаните знаат за она што сме го сработиле. Ветувам дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Карпош, без оглед на партиската припадност, Карпош ќе биде дом за сите. Јас само можам да ја прогласам победата на граѓаните со над 10.000 гласови”, додаде Јакимовски, а пренесува интернет порталот А1Он.

Во еуфорична атмосфера со голем број на негови поддржувачи, Јакимовски им се заблагодари на граѓаните на Карпош, за како што рече, историската победа.

Јакимовски при пристигнувањето во штабот беше пречекан со, за него, веќе позната песна “Не може нам нико ништа“. Својата победа тој ја честиташе и на својот Фејсбук профил.

Извор – Фото – Точка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1