Стево Крстевски нов директор на ФЗО, Стојанче Ангелов на ЦУК


Во рамки на најновите кадровски одлуки на Владата, Миле Сугарев e разрешен од должноста в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување, а за нов в.д. директор да се именува Стево Крстевски, кој доаѓа од Општинскиот комитет на СДСМ во Велес.

Според владиното соопштение, прифатена е оставката на Аднан Џафероски од должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување, а на негово место доаѓа Беким Максути, поранешен заменик министер за одбрана од ДУИ.

Исто така, владата информира дека ја прифати оставката на Агрон Буџаку и го разреши од должноста директор на Центарот за управување со кризи, и на негово место го именува лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, досегашен национален координатор за воени и полициски ветерани. За в.д. Директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување е именувана Билјана Јовановска.

Промени има и во одборот на директори на Македонски Телеком. Меѓу новите членови се и Нина Ангеловска и Садула Дураку.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1