Рингишпил вреден 160.000 евра пристигна на плоштадот синоќа, а утрово се монтираше на плоштадот Македонија во Скопје.
Рингишпилот е поставен пред зградата на Телеком, помеѓу Камениот мост и мостот „Око“. Рингишпилот ќе има декоративен венец, дрвена ротирачка платформа и околу 32 седишта, а фигурите ќе бидат пони коњчиња, кочии и ротирачки чаши.
Проектот е финансиран од Град Скопје
Makfax