Зградата на грчкото Министерство за надворешни работи, што се наоѓа во центарот на Атина, денеска беше евакуирана, најверојатно поради сомнителна пратка.
Вработените во Министерството се наоѓаат пред објектот, а полицајци ја проверуваат зградата.
Според грчките медиуми, вработените при проверка на поштата адресирана до Министерството забележале сомнителна пратка и веднаш ја известиле полицијата, по што е евакуирана зградата.
Вработените во Министерството се наоѓаат пред објектот, додека полицијата го проверува сомнителниот пакет, дали можеби содржи експлозивен механизам.