Најголемата бура во 2014 година (до сега), супертајфунот Вонгфонг, од вселената изгледа навистина застрашувачки. Астронаутот Рид Вајман направи неверојатна фотографија на Вонгфонг од Меѓународната вселенска станица и ја објави на Твитер.
– Многу сум ги видел одовде, но една е ваква, напишал тој.
“Нека не ве залажува смирувачката белина на оваа фотографија. Во оваа бура ветровите достигнуваат брзина од 330 километри на час, а брановите висина од 15 метри.
Оваа бура малку ослабе, а се очекува овој викенд да удри на брегот на Јапонија.
Инаку, средиштето на бурата, кое личи на вдлабнатина на фотографијата е со пречник од 40 километри.