Во таборот на РК Вардар се појави првиот позитивен случај на Ковид-19. Станува збор за капитенот Стојанче Стоилов. Тој по вчерашниот тренинг се пожалил на омалаксаност, откако ситуацијата не се подобрила, веднаш направил тест, истиот покажал дека е позитивен.
Целиот тим на Вардар веднаш направи тестови, до вечер ќе биде позната состојбата со останатите играчи.