Стоби крие огромно културно наследство


Во непосредна близина на Велес, на површина од 27 хектари, античкиот град Стоби е цврст доказ за вековното постоење на македонската држава.  Најстарите пишани извори и археолошки ископувања говорат дека градот Стоби бил подигнат во вториот век пред нашата ера.

stobi 9Античките палати, театарот, црковните објекти и гробницата го потврдуваат  големото стратешко значење кој Стоби го имал во античкиот период. И до ден денес овој средновековен град е непресушен извор на информации за обичаите и културното богатство на цивилизациите кои живееле во него.

Еден од најдобро сочуваните антички градби во Македонија е токму  тетарот во Стоби, изграден во вториот век од нашата ера со капацитет од 7600 седишта. Веќе следната година овој театар ќе биде целосно реставриран. Од септември раскошниот 180-метарски мозаик повторно ќе го краси подот на централниот брод на Старата епископска базилика од 4-тиот век.

Со повеќе од 18,000 антички предмети и монети археолошкиот локалитет Стоби е најголем и најзначен во Македонија. Ова парче земја со богата култура годишно го посетуваат повеќе од 13,000 домашни и странски туристи.

Туристичката понуда на Стоби од утрово е збогатена со продажба на копии од артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Македонија и автентичи сувенири. Продолжува владиниот проектот за промоција на богатото културно наследство и развој на туризмот.

Досега се отворени 19 вакви објекти за продажба на сувенири на повеќе локации во Скопје, Охрид, Берово, Дојран, Ресен, Крушево и Гевгелија.наскоро пред Музејот на град Скопје ќе биде отворена и последната сувенирница.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1