„Стојам сам“ е насловот на новата песна и видеозапис кои вчеравечер беа промовирани на промоцијата на новиот албум на ДНК, „Уште еден ден“.
Видеото е продуцирано од „Гoрила продукција“, а е изработено од режисерот Горан Костадинов.
Приказната е снимена на различни локации во Маврово и Скопје, а покрај Панчо и Андреј, главната улога во видео спотот ја има женскиот модел, згодната неготинчанка Драгана.
Во споредните улоги на приказната се појавуваат и уште две девојки – Елеонора и сопругата на Андреј – Наталија.
Погледнете: