Стојанче Ангелов и сопругата се враќаат во МВР


Лидерот на Достоинство и поранешниот полициски генерал, Стојанче Ангелов, повторно ќе работи во Министерството за внатрешни работи (МВР). Информацијата ја објави тој на неговиот Фејсбук профил откако одлучил да го прифати предлогот на премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски.

За тоа, како што напиша, ги известил и раководството на партијата и врвот на коалицијата „ВМРО за Македонија“, со која настапи на парламентарните избори во декември 2016 година.

– Моето враќање во МВР е на професионална основа, се темели на моето 25-годишно присуство и искуство во областа на безбедноста, моето 16-годишно работно искуство во МВР од кои 7 во Единицата за специјални задачи „Тигар“ и не е условено со политичка соработка. Длабоко во себе верувам дека одвнатре, од МВР, со мојот авторитет и со моето полициско, политичко и интернационално искуство ќе можам да му помогнам на министерот Спасовски во неговата намера да го издигне МВР во една чесна, високо професионална и респектабилна институција – напиша Ангелов на Фејсбук.

Со него, на работа во МВР се враќа и неговата сопруга, Јасминка Ангелова, која исто така работеше во министерството повеќе од 14 години. Таа не работи таму од март 2015-та кога самата одлучи да даде отказ поради, како што и тогаш објасни самата, нечовечкиот однос кон неа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1