Стојанче Ангелов збесна, на Facebook се откажа од својот кум – го нарече педофил


Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство преку својот Фејсбук профил соопшти дека се откажува од својот кум Зоран Крстевски и го предупредува да не се приближува на членови на неговото семејство.

Screenshot_327

Зоран Крстевски повеќе не е мој кум, ниту другар, ниту пријател.

Зоран Крстевски отсега натаму е мој крвен непријател. Зоран Крстевски е МОНСТРУМ за чија безбедност не гарантирам доколку било кога и било каде се најде во моја близина. Промената на мојот однос кон монструмот Зоран Крстевски е од лична природа и не е поврзана со неговата политичка продажба и предавства извршени во неколку наврати.

-Ги предупредувам неколкуте лица кои сеуште имаат комуникација со монструмот Зоран Крстевски да бидат внимателни, бидејки се работи за тотално настран АЛКОХОЛИЧАР СО ПЕДОФИЛСКИ СКЛОНОСТИ, пишува Ангелов на својот профил.

На монструмот Зоран Крстевски му забранувам да се движи во близина на зградата во која живеам. Доколу на улица или на било кое друго место монструмот Зоран Крстевски наиде на членови на моето семејство му заповедам веднаш да се одалечи од нив. Во спротивно… Тој си знае. Знае и повеќе од што треба, напиша Ангелов.

Порталот Мактел објави дека причината за ваквиот пост на Ангелов е фактот што неговиот кум и праќал вознемирувачки пораки на неговата малолетна ќерка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1