Германскиот столар Џорџ Еслер пред 76 години поставил бомба во минхенска пивница со намера да го убие Адолф Хитлер.
Меѓутоа, од таа бомба загинале осум, а биле ренети 63 луѓе кои биле во близина.
Во истата пивница, Хитлер секоја година држел говори во исто време, што се чинело како идеална шанса за атентат. Но, за несреќа таа година Хитлер го одржал говорот 13 минути порано.
Овој столар никогаш претходно не се занимавал со политика, меѓутоа уште од почетокот бил остар критичар на Адолф Хитлер и на нацизмот.
За атентат се одлучил една година пред нападот, кога отишол во Минхен да го проучи теренот.
Откако ја поставил бомбата, Еслер одма го напуштил градот. Но, на швајцарско-германската граница нему му го пронашле карта и план за изработка на бомбата.
Еслер таму е уапсен и пратен во логор каде е убиен во 1945 година, еден месец пред капитулацијата.
Овој столар кој за малку не ја промена историјата не остана заборавен. Ширум Германија постојат улици и училишта кои го носат неговото име.
Во неколку градови има и негов споменик, а во 2011 година во Берлин е подигната челична склуптура висока 17 метри, која го оцртува ликот на Џорџ Еслер.