Шведскиот производител за мебел „Икеа“ одлучи да ги повлече столиците за плажа по добивањето на извештаите дека може да се скршат и да предизвикаат повреди.
„Икеа“ ги повика купувачите на моделите Mysingso столици за плажа до 31 јануари да ги вратат, сè со цел да им ги вратат парите за истите, дури и доколку ја немаат сметката.
Шведската компанија одлучи да ги повлече столиците по добивањето на пет извештаи за повреди предизвикани со кршење столчиња во Финска, Германија, САД, Данска и Австралија.
„Икеа“ е водечки светски производител на мебел и има повеќе од 300 продавници во 27 земји.