Столтенберг на свечена церемонија официјално ќе му ја врачи поканата за НАТО на Заев


Лидерите на 29-те земји членки на НАТО вчера на првиот ден на Самитот во Брисел одлучија да ја поканат Македонија да почне преговори за членство, а поканата официјално денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе му ја врачи на премиерот Зоран Заев на свечена церемонија во седиштето на најголемиот воено-политички сојуз во светот.

Со тоа се отвора патот Македонија да стане 30. членка на НАТО, а од поканата до конечното членство следуваат процеси, како во однос на исполнување на обврските што Скопје и Атина ги презедоа во Договорот за решавање на спорот за името, така и во однос на процедурите кои престојат за секоја земја-аспирантка.

Одлуката за поканата ја соопшти вчера генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на прес-конференција по првата сесија на Северноатлантскиот совет на Самитот на НАТО.

– Го поздравуваме договорот помеѓу Атина и Скопје и се согласивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне пристапни преговори, откако ќе бидат заоркужени сите внатрешни процедури за да се финализира договорот земјата ќе влезе во НАТО како 30-та членка, изјави генералниот секретар.

Тој јасно стави на знаење дека само со промена името може Македонија да влезе во Алијансата.

– На луѓето во Македонија е да одлучат, ова е прилика што доаѓа еднаш во животот или ќе го поддржат договорот и ќе станат членки или нема да го поддржат и нема да станат членки, не може двете работи да ги добијат. Нема зачленување без промена на името, на народот е да одлучи, истакна Столтенберг.

Денеска престои свечениот чин, на кој Столтенберг на Заев ќе му ја врачи и формално поканата, а следната недела земјава треба да добие план на НАТО, по кој прецизно треба да се водиме во завршувањето на воено-техничките реформи и тој план е идентичен за секоја земја-аспирант.

Националниот кооринадор за НАТО, Стево Пендаровски, кој е во состав на владината делегација во Брисел, појасни дека ќе има практично две сесии за политички и за технички прашања како што е со секоја друга земја-аспирант во минатото.

Она што е специфично за Македонија и што наша конкретно домашна задача е да го имплементираме докрај договорот со Грција и НАТО ќе не цени низ таа призма.

Воено-техничките и политички услови ќе треба да ги исполниме во наредните четири до шест месеци, вели Пендаровски, а во меѓувреме ќе биде неопходно да ја завршиме и процедурата за ратификацијата за референдум во однос на договорот и да спроведеме уставни промени.

Несогласувањата со претседателот на државата и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат менаџирани преку отворен дијалог.

Заев и македонската владина денеска ќе учествуваат на официјалниот дел од агендата на самитот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1