Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг денеска изјави дека не е негово да коментира за одлуката на ЕУ за датум за преговори, но она што може да го каже е дека вратата на НАТО е отворена и Алијансата и посакува добредојде на Северна Македонија, пренесе РСЕ.
Тој вели дека мнозинството земји членки го потпишале протоколот за пристапување, а тоа вчера го сторија и САД.
Според него Северна Македонија ќе придонесе за стабилноста на регионот, а тоа ќе се одрази и на економскиот просперитет.