Столтенберг очекува старт на пристапни разговори со Македонија, земјата се надева на поголема стабилност


Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО но под ново име. Првиот човек на Алијансата вели дека земјава утре ќе добие покана за отпочнување на пристапните преговори, но имплемнатацијата на договорот за името останува клучен услов.

По минатомесечниот историски договор за прашањето за името, се согласивме да го поканиме Скопје да започне преговори за пристапување. Тогаш кога Договорот ќе биде финализира и имплементирам ќе бидеме во можност да ја поканиме ПЈРМ да стане 30 членка на НАТО под новото име Реублика Северна Македонија, рече Столтенберг.

Членството во НАТО ќе биде стабилност и сигурност за Република Македонија и нејзините граѓани, порачува министерката за одбрана преку видео обраќање.

Без отворени перспективи за членство во НАТО и во Европската Унија, иднината на Македонија е несигурна. Членството во НАТО е историска шанса која сега мора да ја искористиме. Со тоа Република Македонија ќе стане партнер и сојузник со најмоќните земји во светот, вели Шеќеринска.

Покрај покана за пристапни преговори, Македонија на самиот на НАТО кој утре и задутре ќе се одржи во Брисел, очекува и одлука за продолжување на финансирањето на авганистанските сили до 2024 година. Земјава е кандидат на полноправно членство во Алијансата цели 19 години, период во кој има изработено рекордни 17 Акциони планови за членство и голем број безбедносни реформи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1