Пронајдена мајката на оставеното бебе – малолетничка од Тетово


Народниот правобранител по сопствена иницијатива отвори предмет по сознанија во медиумите за случајот со малолетничката која го остави штотуку родено детенце пред Домот за доенчиња во Битола.

– Веднаш ги задолживме нашите службени лица во Оделението за заштита на правата на деца и деца со попреченост, покрај писмените барања и информациии согласно надлежностите на народниот правобранител да извршат службени разговори со Центарот за социјална работа во Тетово од причина што јавноста беше информирана дека е утврден идентитетот на мајката, односно дека станува збор за жителка на општина Тетово, изјави за МИА заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска.

Во телефонските разговори со надлежните, како што посочи таа, укажале на потребата од преземање мерки за стручно работење со малолетната мајка во насока на психолошка-социјална поддршка, да се направи проценка на нејзините капацитети со цел детето да биде со мајката, односно да се врати во семејството на мајката.

Според сознанијата што ги има Народниот правобранител, Центарот за социјална работа работи на овој случај.

– Во МВР си води постапка соодветна за ваквиот случај, како и тоа дека се работи на утврдување на ДНК за бебето и за мајката за да се потврди дека станува збор за истото бебе и за истата мајка која се породила во Општата болница, вели Бајрамовска.

Народниот правобранител ќе постапува и кон Општата болница во Тетово, бидејќи се работи за вонбрачно породување, дали го информирала Центарот за социјална работа, ако го информирала кога е тоа направено и дали лице од Центарот бил таму.

– Бидејќи доколу има таков контакт и таква комуникација помеѓу овие два органа во тој случај точно ќе се знае кога детето ја напуштило здравствената установа со мајката, каква беше желбата на мајката дали да се грижи за детето или да го остави и каде е тука целата постапка соодветно покриена од страна на надлежните во Центарот за социјална работа и здравствената служба, односно социјалните служби во Општата болница во Тетово, рече Бајрамовска.

Женското бебе, кое минатата недела беше оставено пред Домот за доенчиња во Битола беше пронајдено од 50-годишен битолчанец.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1