Последна почит за Саздо – обвинителството без одлука за преквалификација на делото


Последен поздрав до Саздо испратија Комити од пред градскиот стадион. Со едно минутно молчење одадоа почит кон Никола Саздовски момчето кое беше брутално претепано пред десетина дена. Комити се собраа пред влезот на Западната трибина каде заедно со својот другар, навивач ги следеле фудбалските натпревари.

Оттука сите заедно се упатија кон вечното почивалиште на 21 годишното момче. По пат застанаа и пред Собранието, каде запалија свеќи за Никола. На комити им се приклучија голем број граѓани и случајни минувачи.

Саздовски вчера им подлегна на повредите на клиниката за Карил каде лекарите неколку пати го враќале во живот. МВР сеуште трага по еден од тројцата напаѓачи на Никола, двајца се веќе во притвор. Обвинителство ги гони за Насилство со смртни последици за што кривичниот законик предвидува затворска казна од 3 до 10 години. Од полицијата велат дека работат на пронаоѓање на 19 годишниот осомничен скопјанец. Апелираат во пресрет на меѓународните фудбалски натпревари дека нема да толерираат насилство и нарушување на јавниот ред и мир и недостојно однесување на спортски натпревари. МВР најави зајакнати контроли пред и за време на вечерашниот натпревар на стадион. Од Обвинителство не откриваат нови детали за случајот. Јавноста очекува преквалификација на кривичното дело.

21 годишниот Никола Саздовски беше претепан на 29 јуни додека чекал автобус на постојка во Автокоманда. Околу 17 часот тројцата осомничени излегле од автомобил мерцедес и го нападнале момчето по што тој бил пренесен во Ургентен каде лекарите веднаш го ставиле на апарати. Саздовски беше во кома десетина дена на клиниката Карил. Институциите сеуште не ги откриваат мотивите зошто момчето било брутално претепано. На социјалните мрежи е најавен собир пред Собранието во 20 часот кој гласи „без политика, без говори и музика . Молк и почит за Никола Саздовски. “

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1