Се забранува внесување и продажба на секаков вид производи во здравствениот објект од страна на вработени и други надворешни лица. Ваква наредба има на влезот во сите скопски поликлиники.
Управата на Здравствен дом Скопје стави крај на трговијата која беше присутна како пред чекалните така и во самите ординации на лекарите. Од пижами, чорапи, постелнини до козметика и бижутерија, јавува Здравство24.
Како што коментираат вработени во една поликлиника, често се случувало болни да чекаат на ред во амбулантите а продавачи да им нудат разни производи по ниски цени.
Како трговци биле и лекари и останат здравствен персонал кои најчесто нуделе комзетички производи а за тоа секако имале и каталози за нарачки. Но по забраната од менаџментот, засега нема продавачи низ скопските поликлиники.
Но затоа пак се уште ги има на некои од клиниките каде призводите се нудат и во собите каде лежат пациенти.