СТОП ЗА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ НА ЦИГАРИ: Бритиш Американ Тобако и Македонската Царина потпишаа Меморандум


“TДР СКОПЈЕ“ ДООЕЛ – Скопје, како член на групацијата Бритиш Американ Тобако (British American Tobacco), и Царинската Управа на Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка со цел спречување на шверцувањето и нелегалната трговија со тутунски производи. Оваа соработка вклучува и заштита од повреда на правата на интелектуална сопственост, односно спречување на фалсификување на цигари и други тутунски производи од трговските марки чии носители на права се Друштвата – Членови на групацијата Бритиш Американ Тобако (БАТ).

„Бритиш Американ Тобако, како една од водечките мултинационални компании, посветува особено внимание на борбата против нелегалната трговија со тутунски производи на сите пазари на кои работиме. Навистина ни е драго што на оваа тема потпишавме Меморандум за соработка со Царинската Управа на Република Македонија и сигурни сме дека со заеднички сили и напори дополнително ќе го намалиме овој тип на нелегална трговија.“, изјави Милорад Крстиќески, Генерален Менаџер на Бритиш Американ Тобако за Македонија, Албанија и Косово.

БАТ Македонија дел од АДРИА регионот
БАТ Македонија на почетокот на оваа година стана дел од Адриа регионот на Бритиш Американ Тобако, кој опфаќа осум пазари – Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово. Сега, Адриа регионот, заедно со Бугарскиот и Романскиот пазар, станаа дел од новата организациска структура на БАТ во Јужна и Средна Европа (SCEA).

Аквизиција на Рејнолдс Американ (Reynolds American)
Бритиш Американ Тобако ја заврши спогодбата за купување на Рејнолдс Американ (Reynolds American – RAI) и го трансформираше своето работење. На овој начин, БАТ ја одбележа 2017 година како рекордна. Бритиш Американ Тобако вложи 49,4 милијарди долари и се стекна со 57,8% од акциите во компанијата Рејнолдс Американ. Со реализацијата на оваа аквизиција, БАТ стана најголема тутунска компанија во светот чии акции котираат на берза.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1