Стотина патници заглавија на Буково


Стотина патници утрово со часови останаа завеани на превојот Буково. Десетина излизгани шлепери околу 2 часот го блокираа патот Битола Охрид. Петнаесетината сантиметри снег повторно ги изненадија надлежните.

Стотина патници утрово беа завеани на Буково, објави порталот „Охриднет“.  Околу 2 часот утрово на превојот Буково на патот од Битола кон Охрид автобусите полни со патници кои се враќале од шопинг тура во Солун биле попречени од  излизгани шлепери.

bukovo sneg sleper

-Се јавивме во Центарот за управување со кризи два часа ветуваа помош, но никој не дојде. Единствено полиција која не можеше да направи ништо. Во автобусот имаше и деца беше прав кошмар. На крајот на последниот повик на бројот за помош 195 ни кажаа дека никој не сакал да ризикува и да дојди на Буково. Бевме препуштени сами на себе. Една патничка го повика сопругот со кола да ја земе и прва како најхрабра го напушти автобусот, пешачејки во планина во мрак за да ги помине извртените шлепери. Кога видовме дека патот е прооден сите повикавме такси и заминавме од автобусот, вели еден  од патниците  за Охриднет.

– Најголемата наша среќа е што снегот престана да врне па почна силен дожд. Благодарение на Бог успеавме да се пробиеме и со возила да ја напуштиме планината. Се прашуваме каде е Македонија пат, зошто и при пет сантиметри снег се воведува забрана за движење, кој ги пушти шлеперите да патуваат ако има забрана, каде е Кризниот штаб, каде е Центарот за управување со кризи, до кога вака ќе се однесуваат надлежните, прашуваат револтираните патници.

фото: Охриднет

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1