Софи Серано (40) пред 21 година во Кан родила ќерка, а пред 12 години дознала дека од породилиштето излегла со погрешно бебе. Медицинска сестра во алкохолизирана состојба ја направила таа грешка.
Манон е заменета после раѓањето. Ја заменила депресивната и пијана бабица. Манон изгледала сосема поинаку од Софи, нејзината кожа и коса биле потемни, но среќната новопечена мајка сепак ја прифатила. Не ѝ паднало на памет дека бебето не е нејзино.
– Ја видов само неколку пати по раѓањето. Бев изморена, семејството често ме посетуваше, се чувствував сигурно во рацете на лекарите и сестрите. Во тој момент, што и да ви речат, им верувате. Ги забележав промените, кожата ѝ беше потемна, но сестрата ме смируваше дека потемнувањето на тенот е последица од лекувањето со УВ-зраци – објаснила Софи за „Дејли мејл“.
Со тек на времето разликата станувала сè поочигледна. Дури и нејзиниот татко бил загрижен и се прашувал „дали таа е негово дете“ и по една расправија се одлучил да направи ДНК тест.
Резултатите биле фрапантни. Тој не бил таткото, а Софи не била мајката. Нивното дете не било со нив. Морала да ѝ ја соопшти вистината на Манон, која била очајна поради можноста да се одвои од жената која ја одгледала.
Софи ниту во еден момент не престанала да гледа на Манон како на свое дете. Три месеци подоцна адвокатот ја повикал Софи да ѝ соопшти дека ја пронашол нејзината биолошка ќерка.
„Таа девојка многу личи на мене, толку е убава, неверојатна е. Кога стигнавме мојата биолошка ќерка ме прегрна. Бев во шок. Од последната прегратка поминаа 10 години. Видов сличност во нејзините очи, коса, лице, насмевка, сличности со нејзиниот татко. Бев во шок“ – додаде Софи.
Истакна дека средбата со биолошката ќерка бил трогателна, убава и вознемирувачка. Семејствата во почетокот често се среќавале, а подоцна средбите станувале сè поретки, бидејќи биле многу болни.
На крајот семејствата се одлучиле децата да останат таму каде што се, со луѓето кои ги одгледале. Софи со години се бори со депресијата, не може да го преболи загубата на својата биолошка ќерка. Среќна е и ја обожава Манон, но загубата останува.
– После сè што ни се случи, тешко ни беше да продолжиме таму каде што застанавме, но моравме“ – изјавила Софи за „Дејли мејл“ и додала дека нејзините чувства кон Манон не се променети.
– Нејзиното место во моето срце е незаменливо – додала Софи.
Манон исто така се сложи со нејзината мајка дека нивниот однос сега е повеќе продлабочен.
– Сега сме многу поблиски и развивме однос полн со љубов и доверба, нашата врска е нераскинлива – рекла Манон за „Дејли мејл“.