Вчера околу 18.30часот на aвтопатот А1 Велес- Градско, во близина на исклучокот за с.Виничани се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Опел- Зафира“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост и управуван од Р.Д.(52) од Куманово, изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и се превртел во канал за атмосферски води, на длабочина од 3 метри при што, како последица на добиените повреди возачот починал на местото на настанот.
Телото на починатиот е упатено на обдукција, а возилото е однесено во Станицата за технички преглед на АМСМ – Велес.
Увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител извршила екипа од СВР Велес.