СТРАШЕН ХЕМИСКИ НАПАД: 58 мртви, на жени и деца им излегуваше пена од устата (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)


Најмалку 58 луѓе меѓу кои и 11 деца загинаа денеска во воздушни напади врз северозападната сириска провинција Идлиб. Меѓу жртвите најбројни се цивили, од кои најмалку се 11 деца помлади од 8 години.1-3

-Многу од луѓето се гушеле, повраќале или онесвестувале, на некои им излегувала пена од устата, се вели во извештајот од опсерваторијата. Медицински извори таквата состојба ја објаснија како хемиски напад, но и понатаму не е познато за која супстанција станува збор.

Активистите на социјалните мрежи прикажуваат слики од тела на мртви деца, но веродостојноста на тие фотографии се става по знак прашалник. Бунтовниците за нападите ја обвинија сириската армија, која ги негираше тие обвинувања.2-1

-Овој стравотен напад ги принуди претседателите на Русија и Турција на итен телефонски разговор, беше објавено денеска од извори блиски на Реџеп Таип Ердоган.

– Ердоган се осврна на употребата на хемиско оружје кон цивилите во Идлиб. Тој истакна дека таквите нехумани напади се неприфатливи, изјави неименуван извор.4-1

Веднаш по нападот се огласило и Руското министерство за одбрана кое соопшти дека руската војска веќе некое време не врши воздушни напади на територијата која припаѓа на Идлиб, а истото важи и за сириската војска.

Сириската опозиција денеска во Советот за безбедност на ОН апелираше да се отвори итна истрага за нападот со токсичен гас, за кои како што наведуваат е одговорен „криминалниот режим“ на претседателот Башар ел Асад.5-1

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1