Страшен студ во Канада: Измерени се -40°C, кожата се замрзнува за помалку од 10 минути


Поларниот бран кој што ја зафати Канада би можел да трае до почетокот на новата година, предупредуваат метеоролозите.

Страшен студ ја зафати речиси целата територија на Канада каде што досега биле измерени температури и од -40°C, а тамошните служби предупредија дека големиот поларен бран ќе трае и во следните неколку дена.

Канадските власти ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни и да не ги напуштаат своите домови доколку немаат потреба од такво нешто. Федералната метеоролошка агенција ги предупреди граѓаните дека екстремно ниските температури претставуваат голема опасност по животот на граѓаните.

Температурите оваа година биле далеку пониски од вообичаените температури кои што владеат во овој период од годината во Канада. Во централните и западните региони се бележат рекордно ниски температури, а и на северот од Онтарио исто така биле забележани рекодно ниски температури.

„Утринава беа измереи -40°C во Џералдтон, на северот од Онтарио“, откри метеорологот Александре Перент и додаде дека последен пат толку ниски температури биле забележани во 1993-та година во Онтарио и Квебек.

Арктичкиот воздух и силните ветришта довеле до ектремен пад на температурата во Вајтхорс, па затоа од Министерството за здравство на Канада предупредуваат дека на температури од околу -35°C, изложената кожа може да замрзне за помалку од 10 минути.

Бебињата, малите деца, постарите, послабо подвижните лица и бездомниците се најзагрозени за време на екстремниот студ кој што моментално владее во Канада, предупредуваат од министерството. Поларниот студ исто така ја отежнува и работата на пожарникарите, затоа што било забележано замрзнување на опремата за време на интервенциите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1