Обилните врнежи ширум Јужна Америка изминативе денови предизвикале поплави, лизгање на земјиштето и одрони, а тешка е ситуацијата во Чиле, Боливија и Перу.
На некои локации е забележано ниво на водата од 70 сантиметри, а по одрон во местото Хаункавелика еден хотел се срушил во реката Сикра.
Хотелот Ла Хасиенда е уништен откако водата му ги поткопала темелите.