Три лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која синоќа околу 1:30 часот по полноќ се случила на крстосницата со булеварот Илинден и улицата „Наум Наумовски Борче“, информираат од полицијата.
Во несреќата учествувале автомобили „Хјундаи Латра“ управувана од 73 годишниот скопјанец Д.М., „Диахатсу Куор“ кој го управувала скопјанката И.К. (28) и две момчиња Г.М. (27) и З.Ѓ. (29) двајцата со Свети Николе.
Двете момчиња, пешаци, со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентиот центар каде кај Г.М. се констатирани тешки повреди, додека кај З.Ѓ. полесни но двајцата се задржани на лекување на Клиниката за Трауматологија.
Во ГОБ „8 Септември“ биала пренесена 28 годишната И.К. кај која лекарите констатирале полесни повреди и по укажната помош е пуштена на домашно лекување.
На местото на несреќата извршен е полициски увид.