Страшна сообраќајка: Тешко повредени мајка и близнаци


На регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на Бигорскиот манастир, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „Пежо 306“ со скопски регистерски таблици, што го управувала 45-годишната скопјанка Т.Н. и товарно возило влекач „Даф“ со дебарски таблици, управувано од И.П.(59) од Дебар.soobrakjajka 233

-Во судирот, Т.Н. и тројца сопатници во возилото што го управувала, М.М.(70) и нејзините две осумгодишни машки деца (близнаци), задобиле тешки повреди и по укажаната лекарска помош во здравствените домови во Дебар и Ростуше, пренесени се на скопските клиники, каде се задржани за натамошно лекување, информираат од СВР Тетово.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1