Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа се случи на улица Васил Ѓоргов во близина на ТЦ „Зебра“, кога автомобил „опел корса“ со голема брзина влета во еден од излозите на околните згради.
Како што дознава Макфакс, на лице место бил направен обид да му се пружи прва помош на настраданото лице, чиј идентитет не е познат, но безуспешно. На местото на настанот пристигна противпожарно возило, а полицијата врши увид.
Жена на 60-тина години е жртва на денешната сообраќајка која се случи на улицата Васил Ѓоргов во Скопје. Како што дознава Плусинфо, жената е прегазена од автомобил што со голема брзина се движел по улицата од Козле во правец на центарот