Иако вашата четкичка за заби изгледа сосема добро, имајте на ум дека просечната четкичка содржи десет милиони бакерии вклучувајќи Ешерихија коли и стафилокока, покажа истражувањето од универзитетот во Манчестер.
Во устата се наоѓаат меѓу 100 и 200 бактерии.
– Во неизмиена уста може да има микроби колку и на подот на бањата, изјави протетичарката, Ан Веи од Сан Франциско. Вашата четкичка за заби е како магнет за бактерии, а ги собира од неколку извори.
Ако ја чувате четкичката на мијалникот, на неа паѓаат честички додека ги миете рацете. Иста е ситуацијата и со пуштањето на вода во WC. Бактериите и вирусите тогаш остануваат доволно долго во воздухот за да се спуштат по целата бања. Истражувањето покажа дека бактериите кои предизвикуваат дијареа после пуштањето на вода „одлетуваат“ и до 25 сантиметри во воздухот, пишува „Хафингтон Пост“.
Експертите советуваат четкичките на сите членови во домот да не стојат во иста чаша, затоа што така лесно можат да се пренесат бактериите, а тоа не е добро, особено ако некој од членовите на семејството е болен.
Како да ја одржите чектичката чиста
– на секои три, четири месеци купувајте нова четка
– користете вистинска паста за заби, некои од нив подобри ги убиваат бактериите во устата
– не ја делете својата четка со други
– чистете ја четкичката, наквасете ја понекогаш во течност за испирање на устата, особено ако четкичката ви паднала на подот
– затворајте ја даската на WC шолјата кога пуштате вода
– чувајте ја четкичката на место на кое има воздух, наместо во пластични садови.