СТРАШНИ СЦЕНИ ВО БРАЗИЛ: Полицијата пукаше во навивачи, еден убиен (ВИДЕО)


Бразилската полиција уби еден навивач на Васко да Гама после големото дерби против Фламенго. Инцидентот се случил откако на трибините изби масовна тепачка предизвикана од нередите.

Големото дерби меѓу Васко да Гама и Фламенго падна во втор план откако натпреварот заврши со победа на гостите од 0:1. Се што се случуваше на тревникот остана во сенка на немилите настани кои го завија Рио де Жанеиро во црно.

Незадоволни од резултатот и случувањата на теренот, домашните навивачи почнаа да дивеат по крајот на мечот. Полицијата морала да реагира, но целата ситуација избегала од контрола и еден навивач смртно страдал откако полицаец го усмртил со огнено оружје.

Починатиот не бил единствен во кого било пукано. Ранети се уште двајца, но само 27 годишното момче им подлегнало на повредите. Некои навивачи спасот го бараа со бегање новинарските и свечените ложи, а хаосот на трибините подоцна се преселил и на градските улици.

Бразилските власти го истражуваат целиот случај бидејќи јавноста е бесна и тврди дека била употребена прекумерна сила. Од полицијата тврдат дека немало друг начин да се спречи здивената група.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1