По приказната за мистериозните, страшни звуци на Алпите кај Салзбург, австриските медиуми продолжиле да се занимаваат со оваа тема, наведувајќи дека има слични појави ширум целиот свет.
Потсетуваме, буката која звучи слично на труба, ги вознемирила жителите на алпските села во покраината Салзбург. Сведоците на оваа мистерија во Австрија, но и во други земји ширум светот, овој звук го опишуваат како растечки, сличен на труба која доаѓа од небото, објавил австрискиот портал Buzz.at.
Во меѓувреме, се огласила и американската Национална воздухопловна и вселенска агенција НАСА. Според британските медиуми, НАСА соопштила дека нашата планета произведува голем број на звуци, но нивното точно потекло не е откриено.
Тука станува збор за звуци од длабочината на Земјата, кои се јавуваат за време на тектонски активности, подземни експлозии, плима и осека, помали земјотреси, или настанување на глечери, велат од НАСА.
-Кога човекот наместо уши, би имал радио антена, би можеле да слушнеме цела симфонија од звуци кои ги произведува нашата Земја, смируваат од НАСА.
Додека едни во оваа мистерија ги гледаат последиците од HAARP системот за контрола на климата, а други тврдат дека “дошле последните денови и дека тоа се трубите на апокалипсата”, експертите велат дека станува збор за звуци од длабочината на Земјата.
Еден корисник на ЈуТјуб од Тексас, во 2013-тата година снимил таков звук:
Интересно е дека овие звуци ширум светот почнале да се слушаат од 2008-та година. Сведоците се збунети од зуењето, а некои од нив се сомневаат дека зад тоа стојат вонземјани или тајни воени експерименти.
Еве како тоа неодамна звучело во Германија:
И жителите на Австралија биле сведоци на нешто слично:
Денешен.мк