Поранешната сплитска мисица со италијанска адреса 31-годишната Горана Ботчер Булог, која во последно време се посвети на семејството и нејзиното хоби-кајакарство, доживеала вистински шок откако по 7 години брак со германскиот брокер Алехандро Ботчер сватила дека тој е убиец.
Таткото на нејзиниот син е уапсен заедно со Мартина Левато поради напад на 22-годишниот Петар, кој е хоспитализиран и се бори за живот.
Полицијата ја побарала на телефон сплитската мисица доцна во ноќта, по што Горана на најлош начин дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува и дека поради 23-годишната љубовница Мартина Левато завршил во затвор.
Имено, Алехандро со чекан го претепал поранешното момче на неговата љубовница Петар, по што го полиле со солна киселина. Со тешки изгореници на лицето и рацете и тешки телесни повреди Петар завршил во болница, а сопругот на мисицата и неговата љубовница се приведени и го чекаат судењето.
Нападот се случил на 28.декември во Милано, каде што парот моментално живее, откако Петар се вартил од Бостон каде студирал и преку СМС порака и го честитал Божиќ на поранешната девојка Мартина. Таа порака била причина љубовниците да го претепаат и унакажат младото момче.
Мартина го поканила Петар да се видат велејќи му дека има подарок за него. Кога Петар влегол во зградата Алехандро го удрил со чекан по главата, и додека момчето се превиткувало од болка Мартина го полила со солна киселина, по што избегале од местото на злосторството.
-Мојот сопруг со чекан го претепал момчето на својата љубовница? Бев убедена дека тој работи по цели денови и доцна навечер. Не знаев дека другиот стан го користи за двоен живот, изјавила низ солзи поранешната сплитска мисица.
На Алехандро и Мартина им се заканува 12-годишна затворска казна.