Најмалку 19 странски туристи загинале кога балон се запалил од топлиот воздух и експлодирал за време на летот над Луксор во Египет.
Според египетската државна телевизија во балонот имало 21 лице, повеќето странски туристи. Меѓу загинатите има туристи од Хонг Конг, Јапонија, Франција и Велика Британија.
Пилотот и уште една преживеана особа се пренесени во болница.