Стравично: За 5 минути земјата во БиХ проголта цели куќи (Видео)


Немоќни да сторат што било, жителите на ова село само стоеја на  ридот додека пред нивните очи куќите се уриваа.
Ни во најлошиот кошмар жителите на селото Шериќи во околината на градот Јајце во БиХ не би помислиле дека за неполни пет минути ќе им исчезне сè што граделе низ животот. Поради обилните врнежи дојде до лизгање на земјиштето, што почна да ги урива куќите една по една.
kliziste
Жителите, немоќни да сторат што било, само стоеја на околниот рид додека пред нивните очи куќите се уриваа како да се направени од карти. Ужасен звук на рушење се слуша на снимката која го доловува во целост ужасот со кој се соочува и населението во БиХ.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1