Стразбур: Задолжителната вакцинација не ги прекршува човековите права


Европскиот суд за човекови права во Стразбур одлучи дека задолжителните вакцини се легални и повеќе од потребни во демократските општества, пренесува „Дојче Веле“.

Ваквата одлука е резултат на жалбата до Судот поднесена од чешки фамилии поради задолжителните вакцини за деца.

„Мерките може да се опишат како „неопходни во демократски општества“, стои во одлуката на Судот.

Иако одлуката на Судот не е директно поврзана со вакцини против КОВИД-19, експретите веруваат дека може да има влијание врз вакцинацијата против вирусот, особено кај оние кои досега одбиваат да ги примат вакцините.

„Ваквата одлука одново ја активира можноста за задолжителна вакцинација под услови на моментална епидемија од КОВИД-19“, изјавил Николас Хервие, правен експерт од Судот за човекови права.

Според денешната одлука на судот, задолжителната вакцинација која се спроведува од страна на чешките власти е во најдобар интерес за децата.

„Објективно е дека секое дете треба да е заштитено од сериозни болести, преку вакцинација или преку колективен имунитет“, се вели во одлуката.

Судот одлучи дека чешката здравствена полиса не го прекршува членот 8 од правото на приватност според Европската конвенција за човекови права.

Според чешкото право, децата мора да бидат вакцинирани против девет болести меѓу кои дифтерија, тетанус, хепатитис Б и заушки.

Ваквиот случај беше отворен откако чешки семејства кои биле казнети поради невакцинација се обратиле до Судот за човекови права откако децата не биле примени во градинка поради пропуштена вакцинација.

Земјите во Европа се изложени на дезинформации за пандемијата од КОВИД-19, што резултираше со скептицизам за коронавирусот, но и за вакцините против болеста.

Антиваксерите, односно лицата кои одбиваат да се вакцинираат себеси и нивните деца споделуваат разни теории на заговор за тоа зошто властите се наклонети кон вакцинација на популацијата.

Како резултат на ваквото однесување, владите се соочуваат со голем дел од општество кое одбива да биде вакцинирано, со што невозможно е да се достигне целта на колективен имунитет.

Иако одлуката на Судот за човекови права постави преседан дека задолжителните вакцини не ја прекршуваат Европската конвенција за човекови права, одлуката не значи дека европските земји ќе ги натераат своите граѓани да се вакцинираат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1